Svet.SlajderСветСвет.Портал

Масовни антивладини протести во Бангкок

Илјадници антивладини демонстранти денеска учествуваа во најголемите демонстрации во главнот град на Тајланд во последните неколку години.

Бангкок, 12 јануари 2020 (МИА) – Илјадници антивладини демонстранти денеска учествуваа во најголемите демонстрации во главнот град на Тајланд во последните неколку години.

Организаторите наведоа дека 10.000 лица се регистрирале за учество во протестот „Против диктатурата“, на кој се носеа транспаренти со кои се бара оставка од премиерот кој стоеше зад државниот удар од 2014 година, пренесоа британските медиуми.

Приврзаниците на владата, пак, одржаа свој контра собир во парк во центарот на градот.

Лошите економски резултати на владата долеваат масло врз растечкото чуство на незадоволство, а иницијална каписла за денешниот протестен митинг беа потезите на судовите насочени против популарната, нова напредна политичка партија „Иднина напред“.

Партијата што ја предводи милијаредерот Танаторн Јуангругруангкит, се појави на политичката сцена речиси одеднаш и веднаш стана трета најголема партија во парламентот со 80 освоени мандати, наведуваат британските медиуми.

Оваа партија привлече многу млади луѓе со своите анти-воени ставови, спротивни на конзервативната владеачка елита.

Растот на популарноста на партијата, меѓутоа, беше дочекан со судски парници, преку Изборната комисија и Уставниот суд, заради наводни серија кршења на законот.

Многумина сега претпоставуваат дека партијата ќе биде прогласена за виновна и распуштена, можеби уште овој месец. сд/

Back to top button
Close
Close