СветСвет.Портал

Масовен штрајк на здравствените работници во Хонг Конг, бараат затворање на границата со Кина

Илјадници здравствени работници во Хонг Конг денеска одговорија на повикот на синдикатот да стапат во штрајк, барајќи од владата целосно да ја затвори границата кон Кина за да спречи ширење на новиот коронавирус.

Хонг Конг, 5 февруари 2020 (МИА) – Илјадници здравствени работници во Хонг Конг денеска одговорија на повикот на синдикатот да стапат во штрајк, барајќи од владата целосно да ја затвори границата кон Кина за да спречи ширење на новиот коронавирус.

Според болнички податоци, околу 4.600 здравствени работници, претежно медицински сестри, денеска не дошле на работа. Во исто време, медицинскиот синдикат соопшти дека во денешниот штрајк учествувале околу 7.000 луѓе.

И пратениците од опозицијата денеска ја критикуваа одлуката на премиерката Кери Лам да ги стави во карантин 14 дена сите што доаѓаат од Кина, 14 дена наместо да ги затвори преостанатите два гранични премини.

Според нив, тоа може да предизвика повеќе луѓе од Кина да дојдат во Хонг Конг на лекување, што дополнително ќе ги оптовари медицинските установи кои веќе се преоптоварени.

Лам информира дека бројот на заразени со коронавирусот во Хонг Конг се зголеми на 21, вклучувајќи случаи на три лица за кои не е јасно како се заразиле затоа што не патувале во Кина. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close