Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Маската задолжителна и во грчкиот Парламент

Со одлука на претседателот на грчкиот Парламентот, а по препорака на здравствената парламентарна комисија, од денеска носењето маска е задолжително и за пратениците, министрите и службениците за време на седниците и комисиите во Парламентот што се одржуваат во присуство на над 100 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 29 јули 2020 (МИА) – Со одлука на претседателот на грчкиот Парламентот, а по препорака на здравствената парламентарна комисија, од денеска носењето маска е задолжително и за пратениците, министрите и службениците за време на седниците и комисиите во Парламентот што се одржуваат во присуство на над 100 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на денешната расправа за нацрт закон од Министерството за финансии, сите пратеници, како и министрите беа со маски, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неговиот говор го започна токму со оваа одлука, обраќајќи се до претседателот на Парламентот.

-Вашата одлука да наметнете употреба на маска и во Парламентот е медицински правилна и симболично неопходна. Како што знаете, се наоѓаме во фазата на управување со она што некои во Европа може го нарекуваат втор бран на епидемијата. Овде сѐ уште не е појавен, бројот на случаите и понатаму е низок, но сакам уште еднаш, од Парламентот да кажам дека е апсолутно неопходно да се придржуваме до советите на лекарите и да ја носиме маската онаму каде што експертите ни посочија дека употребата на маска е задолжителна, рече Мицотакис.

Во продолжение, коментираше дека иако на почетокот „носењето маска е непријатно“, сепак треба да биде правило до кое мора сите да се придржуваат за да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Ние, овде во Парламентот, имаме обврска, први да бидеме добар пример и секако, патем, можеби постои уште нешто позитивно, дека употребата на маска ги ограничува прекинувањата на говорниците и ова може да е добредојдено за општ ред на расправите, додаде грчкиот Премиер.

Како дел од мерките за заштита од коронавирусот, на собраниската говорница во грчкиот Парламент од крајот на април е поставен плексиглас, а по секој говор, службеник од Парламент, кој носи заштитна маска и ракавици, го чисти и дезинфицира. ср/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close