0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Мартина Хингис: Пред 23 години станав најмладата број 1, сега се тешки времиња, останете силни

Петкратната освојувачка на Грен слем трофеи, Мартина Хингис, која во 1997 година на 16-годишна возраст беше на врвот на ВТА ранг листата, се потсети на овој датум.

Лондон, 1 април 2020 (МИА) – Петкратната освојувачка на Грен слем трофеи, Мартина Хингис, која во 1997 година на 16-годишна возраст беше на врвот на ВТА ранг листата, се потсети на своите најголеми успеси.

– Пред 23 години, станав најмладиот прв рекет. Сега сме во тешки времиња, тешко е да се радувам. Можам да замислам само колку луѓе страдаат во моментов. Треба да останете силни. Ние сме заедно, напиша швајцарската тенисерка на Твитер.

Триесет и деветгодишната Хингис победи на Австралија опен три пати (1997,1998 и 1999 година), и по еднаш на Вимблдон (1997) и УС опен (1997). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close