0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Марш ќе го наследи Нагелсман на тренерското место во Лајпциг

Германскиот бундеслигаш одлучи за новиот тренер кој ќе го наследи Јулијан Нагелсман од следната сезона. Тимот почнувајќи од 2021/2022 сезона ќе го води Џеси Марш од Ред Бул Салцбург.

Лајпциг, 29 април 2021 (МИА) – Германскиот бундеслигаш одлучи за новиот тренер кој ќе го наследи Јулијан Нагелсман од следната сезона. Тимот почнувајќи од 2021/2022 сезона ќе го води Џеси Марш од Ред Бул Салцбург.

Четириесет и седумгодишниот фудбалски стручњак се обврза на двегодишна соработка.

Сегашниот тренер на Лајпциг, Нагелсман ќе ја преземе функцијата главен тренер во Баерн Минхен на 1 јули 2021 година. Од овој трансфер Лајпциг ќе заработи 25 милиони евра.

По 31 коло во Бундеслигата, Лајпциг е втор на табелата со 64 бода, седум помалку зад лидерот Баерн Минхен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close