0_Спорт.ПорталФудбал

Марсело налето би можел во Јувентус

Марсело веќе подолг период е желба на Јувентус, па никого не би требало да го изненади доколку Бразилецот налето се пресели од Мадрид во Торино. 

Мадрид, 27 март 2020 (МИА) – Марсело веќе подолг период е желба на Јувентус, па никого не би требало да го изненади доколку Бразилецот налето се пресели од Мадрид во Торино.
Според шпанска „Марка“, поддршка за таквиот трансфер има и од Кристијано Роналдо кој, се чини, дека вложува максимални напори кај управата на „старата дама“ за ангажман на бразилскиот лев бек.
„Марка“ во образложението на веста наведува дека и Маурисио Сари го почитува Марсело и дека покрај левата аут линија засега има само едно решение – Алекс Сандро.
Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. На „Бернабеу“ пристигна од Флуминенсе и оваа сезона одигра 11 меча за „кралскиот“ клуб во Примера. сѓд/

Back to top button
Close
Close