Некатегоризирано

Мароканскиот крал имаше успешна оперерација на срцето

Кралот Мохамед  (56) наводно имал нарушување на срцевиот ритам, познат како атријалeн флатер, пренесуваат британските медиуми.

Рабат, 15 јуни 2020 (МИА) – Мароканскиот крал Мохамед Четврти имаше успешна операција на срцето, јави мароканската државна агенција МАП.

Кралот Мохамед  (56) наводно имал нарушување на срцевиот ритам, познат како атријалeн флатер, пренесуваат британските медиуми.

Кралот пред две години имаше слична операција во Париз.

Тој е претставник на најдолгата династија во муслиманскиот свет, а престолот го презеде во 1999 година, кога почина неговиот татко Хасан Втори.

Мароко е уставна монархија во која кралот има апсолутна моќ. Тој претседава со Советот на министри, го назначува премиерот врз основа на изборните резултати, ги назначува сите министри во Владата на предлог на премиерот и има право да го распушти собранието, да распише нови избори и да ги замени министрите.

Кралот е врховен командант на армијата и верски лидер на земјата. сд/

Back to top button
Close
Close