БалканБалкан.Портал

Марковиќ: Црна Гора владее со ситуацијата со коронавирусот

Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ изјави денеска дека Црна Гора владее со ситуацијата, настаната поради пандемијата на новиот коронавирус, но дека во наредните недели мора да дејствува уште поодлучно и посилно.

Подгорица, 29 март 2020 (МИА) – Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ изјави денеска дека Црна Гора владее со ситуацијата, настаната поради пандемијата на новиот коронавирус, но дека во наредните недели мора да дејствува уште поодлучно и посилно.

Тој рече дека во Црна Гора има 620.000 жители, а целта е тој број да биде уште поголем, а не помал.

Затоа, не постои арбитража за тоа што можеме, а што не можеме, и дали обичаите и традициите, секуларни или религиозни, се над правото на живот и здравјето на нацијата, рече Марковиќ. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close