0_Спорт.ПорталОстанато

Марка: Фетел може да склучи повеќегодишен договор со Рејсинг Поинт

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел може да ја продолжи кариерата на Рејсинг Поинт, кој ќе биде фабрички тим на Астон Мартин следната година, пренесува „Марка“.

Мадрид, 28 јуни 2020 (МИА) – Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел може да ја продолжи кариерата на Рејсинг Поинт, кој ќе биде фабрички тим на Астон Мартин следната година, пренесува „Марка“.

Фетел преговара за повеќегодишен договор со Рејсинг Поинт. Германскиот возач може да го замени во тимот Ленс Строл, кој ќе замине во Мерцедес.

Оваа сезона ќе биде последна за Фетел во Ферари. Италијанскиот тим објави дека нема да го обнови договорот со германскиот тркач за 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close