Svet.SlajderСветСвет.Портал

Марк Медоус е новиот шеф на персоналот во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека републиканецот Марк Медоус ќе биде новиот шеф на персоналот во Белата куќа

Вашингтон, 7 март 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека републиканецот Марк Медоус ќе биде новиот шеф на персоналот во Белата куќа.

Медоус ќе го замени Мик Малвени, кој е именувам за американски специјален претставник за Северна Ирска.

– Веќе долго време го познавам Марк и соработувам со него, тоа е многу добар однос, напиша Трамп на Твитер.

Медоус во декември најави дека годинава нема да се кандидра на повторните избори во својот округ во Северна Каролина.

Малвени беше именувам за вршител на должноста шеф на персоналот во декември 2018 година.

– Сакам да му се заблагодарам на вршителот на должност, шефот Мик Малвени што добро и служеше на администрацијата. Тој ќе биде специјален претставник на САД за Северна Ирска, посочи Трамп. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close