0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Маричиќ: Судските реформи се со најголем приоритет

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на „14 Конгрес на Обединетите нации за спречување на криминалот и кривична правда“, кој се одржува во Кјото, Јапонија.

Скопје, 7 март 2021 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на „14 Конгрес на Обединетите нации за спречување на криминалот и кривична правда“, кој се одржува во Кјото, Јапонија.

Маричиќ во својот говор ги потенцираше реформите и мерките кои се преземаат во областа на правосудството, со посебен фокус на измените на Кривичниот законик, дигитализацијата на судството и проверката на работите на судиите која ја спроведува Судскиот Совет.

-Започневме со значаен проект, на кој работиме, а тоа е Кривичениот законик во кој ги интегрираме сите најнови меѓународни стандарди, директиви и други меѓународни инструменти во областа на борба против тероризмот, Истанбулска конвенција за родово базирано насилство, но и збир на одредби кои имаат за цел да ги заштитат правата на новинарите и медиумските работници, кажа министерот за правда Маричиќ. сст/мд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close