0_Web_Насловна-слајдерДописници МКДМакедонија.СлајдерПолитика

Маричиќ очекува измените во Изборниот законик да бидат по изборите

Измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по спроведувањето на локалните избори. Министерот за правда, Бојан Маричиќ смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту како што вели сакаат да вознемируваат било кого или да одмагаат на некој во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.

Штип, 2 септември 2021 (МИА) – Измените во Изборниот законик ќе се разгледуваат по спроведувањето на локалните избори. Министерот за правда, Бојан Маричиќ смета дека нема никаква смисла сега да се прават измените, ниту како што вели сакаат да вознемируваат било кого или да одмагаат на некој во изборниот процес, со тоа што би менувале правила, а кои непосредно влијаат на изборниот процес.

-Ние, како Влада не планиравме никаков потег, затоа што видовме дека имаше блокада и не можеше да се реализира измената на Законот пред летниот распуст на Собранието. Меѓутоа, сега само доколку пратениците мислат дека имаат, има потреба од некаква измена, иако е тешко, со оглед на тоа што времето е кратко до изборите. Собранието работи уште овој месец, некаде до 27 септември, потоа заради кампањата повторно ќе биде на пауза, вели Маричиќ.

Посочи дека остануваат како Министерството за правда и Влада доколку се утврди потреба од измени во Изборниот законик пред спроведување на локалните избори, за да помогнат во делот на формулација и во поддршка за негово донесување. Дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се врзани со конкретни рокови, но сè зависи од волјата и динамиката на Собранието. вдј/ир/

Таг
Back to top button
Close
Close