МКДПолитика

Маричиќ: Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор

Преспанскиот договор е јасен и недвосмислен, нашето уставно име е Република Северна Македонија, меѓутоа со договорот ние имаме недвосмислено правото на користење на кодовите МКД и МК. Ние целосно сме се обврзале и стоиме на доследно спроведување на договорот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Преспанскиот договор е јасен и недвосмислен, нашето уставно име е Република Северна Македонија, меѓутоа со договорот ние имаме недвосмислено правото на користење на кодовите МКД и МК. Ние целосно сме се обврзале и стоиме на доследно спроведување на договорот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Коментирајќи ја реакцијата на Грција за кодовите што се употребуваат на Европското фудбалско првенство, Маричиќ вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, потенцира дека позициите на Владата се во согласност со Преспанскиот договор.

-Недвосмислено е нашето право да ги користиме кодовите МКД и МК, инаку да не било така сигурно немало да дозволи УЕФА како организатор на Европското првенство да се користат, рече меѓу другото Маричиќ.

Тој додаде дека во овие моменти е потребна помалку политика, а повеќе спорт и дека Владата, државата и федерацијата нема да прават намерни провокации во политички контекст. свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close