0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Марез: Сега е време Манчестер сити да ја освои Лигата на шампионите

Напаѓачот на Манчестер сити, Ријад Марез, ги сподели своите очекувања за настапите во Лигата на шампиони оваа сезона.

Мначестер, 30 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер сити, Ријад Марез, ги сподели своите очекувања за настапите во Лигата на шампиони оваа сезона.

– Мислам дека е време Манчестер сити да ја освои Лигата на шампионите. Имаме силен тим и одличен тренер, имаме се за да победиме. Не знам дали сме најдобри, но сигурен сум дека сме доволно добри за да го освоиме трофејот. Лигата на шампионите е тешка, сите сакаат да победат, па затоа ни претстои сериозна битка, изјави Марез.

Во првиот натпревар од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување, Манчестер сити го совлада Реал Мадрид (2:1) на гостински терен.

Турнирот подоцна беше прекинат поради пандемијата на коронавирус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close