0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Мареј: Се движам добро, но можам да играм и подобро

Тој покажа дека, по долгата пауза, е доста подготвен за големи напори, а она што го прави најсреќен е што тој нема болки во колкот, што мораше да го оперира на двапати.

Њујорк, 23 август 2020 (МИА) – Енди Мареј ја оствари својата прва победа во 2020 година против Френсис Тиафо на Мастерсот во Синсинати. Британскиот тенисер славеше во три сета со 7: 6 (6), 3: 6, 6: 1, по 148 минути игра.

Тој покажа дека, по долгата пауза, е доста подготвен за големи напори, а она што го прави најсреќен е што тој нема болки во колкот, што мораше да го оперира на двапати.

Енди, всушност, ја оствари својата прва официјална победа од октомври минатата година, кога во финалето на Антверпен го совлада Стен Вавринка.

– Физички изгледав многу добро, се движев дури и подобро отколку што очекував. Првите неколку натпревари по излегувањето на теренот минатата година беа полоши во таа смисла, па ова е позитивен развој, вели Мареј.

Она на што сè уште може да работи е играта.

– Тенисот можеше да биде подобар, мислам дека можев да го сторам тоа подобро. Мислам дека се ќе дојде постепено како што играм. За мене ќе биде важно да видам како се опоравувам по вакви натпревари. Без разлика колку добро се чувствував на теренот, понекогаш ги чувствувате последиците подоцна, предупредува Британецот.

Вели дека е многу невообичаено да игра без публика.

– Нема атмосфера, да бидам искрен. Малку е непријатно заради тоа. Знам дека е малку клише, но сами треба да се потрудите за да создадете атмосфера на теренот. Без публика, тоа навистина не е исто, вели тој.

Следниот натпревар е со седмиот играч на светот, Александар Зверев од Германија. Досега играа само еднаш, пред четири и пол години во Мелбурн.

– Играше добро на Мастерс турнирите, можеби и не толку добро на Гренд-слем. Мастерсите му лежат, тој се движи добро за висок човек, тој е добар од основната линија. Тој малку се мачеше со сервисот, но кога ќе му тргне почетниот удар, тој е во самиот врв на светскиот тенис, рече поранешниот број еден.

Таг
Back to top button
Close
Close