Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со бројни настани

По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа.

Крушево, 22 јули 2021 (МИА) – По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа.

Манифестацијата официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, од 18 часот сите учесници ќе тргнат од пред црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево, а потоа со полагање свежи цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на партизанските гробишта во Крушево, пред вечното почивалиште на Тоше Проески и во криптата пред Македониумот на Гумење, ќе им биде оддадена почит на сите значајни дејци.

На платото на Гумење ќе биде подигнат бајракот на Крушевската Република, а на присутните ќе им се обрати претседателот на манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“, Томе Христоски.

На отворањето на Манифестацијата ќе настапи бендот Љубојна, а на полноќ е импровизираниот напад на градот, како симбол на почетокот на слободата на илинденско Крушево.

Во рамките на Манифестацијата, на 4 август е организирана Влашка вечер, а на 5 август ќе се одржи џез-концерт. Во текот на културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“ е и одржувањето на „Кога си во Крушево“ (When i Krusevo) со бројни гости и рекреативни настани. ем/сст/

Back to top button
Close
Close