Дописници МКДОпштински вести

Манифестација „Заедно за граѓаните“ во Куманово

По повод Денот на независноста, денеска традиционално во Куманово по петти пат се одржа манифестацијата „Заедно за граѓаните“ која ја организираат општина Куманово, СВР Куманово, ТППЕ Куманово, Здравствен Дом, Црвен крст, ученици, мотоклуб „Мечки“. Манифестацијата оваа година беше посветена на безбедноста во сообраќајот, за учесниците-мотоциклисти, почитување и запазување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Куманово, 8 септември 2020 (МИА) – По повод Денот на независноста, денеска традиционално во Куманово по петти пат се одржа манифестацијата „Заедно за граѓаните“ која ја организираат општина Куманово, СВР Куманово, ТППЕ Куманово, Здравствен Дом, Црвен крст, ученици, мотоклуб „Мечки“. Манифестацијата оваа година беше посветена на безбедноста во сообраќајот, за учесниците-мотоциклисти, почитување и запазување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Во рамките на овој отворен ден, граѓаните имаа можност да проследат симулација на сообраќајна незгода со повредени лица, мотоциклист, навремено пружање помош, повикување на службите, реакција на надлежните. Граѓаните имаа можност одблизу да ја проследат ситуацијата, повозрасните да се потсетат на пружањето помош, младите да научат. Училишните единици во соработка со СВР Куманово на возачите им поделија летоци, заштитни маски, порачувајќи им да возат одговорно.

Моторџиите покажаа како правилно се управува со мотор, колку е важно да се носи заштитна опрема.

Оваа манифестација почна пред пет години на иницијатива на локалниот совет за превенција, а целта е граѓаните одблизу да се запознаат со општинските и државните институции, да споделуваат информации, да се подобри комуникацијата, да се подигне свеста за заедничко градење на животот и безбедноста во локалната заедница и државата. ам/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close