0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштински вестиПолитика

Манчевски очекува да се реши проблемот со ТВ-операторите

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни во однос на исклучувањето на емитувањето на телевизиските канали што го направија синоќа операторите. Според Манчевски, новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот.

Тетово, 22 јуни 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни во однос на исклучувањето на емитувањето на телевизиските канали што го направија синоќа операторите.

Според Манчевски, новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот.

– Во текот на денот ќе имаме комуникација на оваа тема со сите заинтересирани страни. Јас би почекал во текот на денот да видиме како ќе се одвива ситуцијата. Јас и вчера напишав на Фејсбук и издадовме соопштение од Министерството дека се работи за прекршување на членови од Законот за електронски комункации.  Без разлика денес ќе оствариме неколку средби со заинтересираните страни за да видиме што и да се случува да не биде на грбот на граѓаните како што тоа беше вчера,  изјави Манчевски при посетата на канцеларијата „Една точка за услуги“ во Тетово што денеска и официјално почнува со работа.

Манчевски потенцира дека Агенцијата за електронски комуникации како регулаторно тело е надлежнa за евентуални постапки кон операторите што вчера го исклучија емитувањето на телевизиските канали. ас/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close