0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници МКДОпштество

Манчевски: Во Министерството нема никакви проблеми со тимовите на дополнителната министерка

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги слушнал обвинувањата на опозицијата дека одредени технички министри и заменици министри имаат опструкции и не можат да ги формират своите тимови. Но, како што рече за време на денешната посета на Штип, не разбира зошто се тие обвинувања, посочувајќи дека конкретно во Министерството за информатичко општество немало такви проблеми.

Штип, 16 јануари 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги слушнал обвинувањата на опозицијата дека одредени технички министри и заменици министри имаат опструкции и не можат да ги формират своите тимови. Но, како што рече за време на денешната посета на Штип, не разбира зошто се тие обвинувања, посочувајќи дека конкретно во Министерството за информатичко општество немало такви проблеми.

-Еве во Министерството за информатичко општество и администрација нема никакви проблеми. Дополнителната заменичка министерка е тука, на нејзиниот тим и беше дозволен влез, ги имаат сите просторни услови, дури и пред да бидат завршени административните процедури за превземањето на тие луѓе, внатре во тимовите, вели Манчевски.

Тој нагласи дека и да имало некакви проблеми, тие се надминати и смета дека не треба да се разговара за вакви работи, туку да разговараат за многу поважни работи и да работат во институциите. вдј/дма/

Back to top button
Close
Close