0_Web_АктуелноБизнисБизнис.ПорталПолитика

Манчевски: Реформирана администрација услов за подобри и побрзи услуги за граѓаните

Изработката на хоризонталната функционална анализа, решенија за воведување висока раководна служба како дел од реформите за оптимизација и професионализација на јавната администрација, со цел граѓаните да добијат поефикасни и побрзи услуги се темите на кои се раговара на Прва годишна конференција на Мрежата за управувње со човечки ресурси организирана од Министератвото за информатичко општество и јавна администрација.

Скопје, 13 ноември 2018 (МИА) – Изработката на хоризонталната функционална анализа, решенија за воведување висока раководна служба како дел од реформите за оптимизација и професионализација на јавната администрација, со цел граѓаните да добијат поефикасни и побрзи услуги, се темите на кои се раговара на Првата годишна конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси организирана од Министератвото за информатичко општество и јавна администрација.

– Клучната работа ќе биде хоризонталната функционална анализа врз база на која ќе треба да се реорганизираат и оптимизираат институциите, што ќе биде од големо значење за граѓаните за да добиваат побрзи поефтини и поефикасни услуги. Втора работа е воведувањето висока раководна служба што ќе значи конечно целосна деполитизација на администрацијата, воведување  јасни правила, критериуми и компетенции кои треба да ги имаат менаџерите на институциите. Овој собир е начин со луѓето задолжени за управување со човечки ресурси да разговараме и заедно да работиме на спроведување на политиките во сите институции, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој вели дека иако периодот до јуни, кога Македонија треба да ја добие препораката за почеток на преговори, е краток, Владата има стратегија, конкретен акциски план, рокови и мерки да го спроведе она што се бара од неа.

-Дополнително има и конкретни задачи од ЕУ и што треба да се направи до рокот до јуни, така што сега од нас зависи, рече Манчевски.

Во врска со ставовите на одредени експерти дека прво требало да се спроведе реформата, а потоа да се покачуваат платите во јавната администрација, Манчевски потенцира дека реформите се процес кој трае, а оти на вработените им е потребна стимулација.

-Реформите во администрацијата никогаш нема да завршат. Реформите ќе траат. Ќе има дигитализација на процеси. Процесот никогаш нема да заврши, секогаш ќе има нешто ново. Но, пред се луѓето треба да ги мотивираме. Платите во јавниот сектор не се атрактивни и претставуваат проблем да не може да се привлече професионален кадар во администрацијата, рече Манчевски.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џефри Голдстајн, вели дека квалитетот на работата на јавната администрација е од големо влијание на животот на сите граѓани и оти затоа ќе ги поддржуваат реформските процеси.

-Реформите се процес кој трае долго. Сега има и добар почеток, но како што видовме не само во државата туку и во други земји, процесот на имплементација е долг и тежок. Се надеваме дека тоа ќе оди во добра насока и ние сме подготвени да помогнеме каде можеме, рече Голдстајн.

Државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, истакна оти ваквите средби се добри за воспоставување комуникација, за дијалог за она што треба да се направи во јавниот сектор и за подобра координација на лицата задиолжени за реформскиот процес во институциите. сст/лв/

 

 

Back to top button
Close
Close