0_Македонија.ПорталОпштество

Манчевски на форум во Лондон: Зајакнувањето на дигиталните вештини останува реформа во нашите економии

Зајакнувањето на дигиталните вештини останува постојана реформа во нашите економии и јас сум навистина среќен што можам да кажам дека Северна Македонија спроведува неколку мерки за решавање на ова прашање. На пример, Оперативниот план за активни мерки за вработување и програми и услуги на пазарот на трудот за 2018 година донесе одлични мерки и резултати, а донесениот Оперативен план за 2019 година предвидува поддршка на дополнителни 700.000 евра за обука во областа на ИТ и дигитални вештини.

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на Светскиот образовен форум што се одржа во Лондон, од 19 до 22 јануари.

На маргините на форумот, министерот Манчевски учествуваше на трибината: „Дигитални вештини: трансформација во една генерација“, на чии сесии се разговараше за образованието во 21-от век, за училиштата и современите наставни програми, како и за Берлинскиот процес, се наведува во соопштението на МИОА.

– Зајакнувањето на дигиталните вештини останува постојана реформа во нашите економии и јас сум навистина среќен што можам да кажам дека Северна Македонија спроведува неколку мерки за решавање на ова прашање. На пример, Оперативниот план за активни мерки за вработување и програми и услуги на пазарот на трудот за 2018 година донесе одлични мерки и резултати, а донесениот Оперативен план за 2019 година предвидува поддршка на дополнителни 700.000 евра за обука во областа на ИТ и дигитални вештини. Се вклучивме и во неформални едукативни активности со ученици од основните училишта во земјата, за да зборуваме за сајбер безбедноста и предизвиците околу тоа, рече министерот Манчевски.

Тој ги посочи меѓународните иницијативи и проекти на ЕУ, како што се проектите во рамки на Хоризонт 2020 во областа на е-инфраструктурите, кои се клучни за поттикнување на отворена наука и овозможување на циркулацијата на знаењето. Исто така, се осврна и на организирањето на Европската недела на кодирање каде учествуваат над 130 училишта од Северна Македонија.

– Би сакал да ја потенцирам и Иницијативата за обука за дигитални можности, која ќе обезбеди прекугранични обуки за најмногу 6.000 студенти и неодамнешни дипломирани студенти меѓу 2018 и 2020 година. Целта е на студентите од сите дисциплини да им се даде можност да се справат со дигиталното искуство во полиња што ги бара пазарот. Несомнено е дека ние ја поставивме рамката и ги направивме првите клучни чекори за унапредување на дигиталните вештини, и притоа, Берлинскиот процес служеше како патоказ на некои видови за нашите економии. За време на дигиталниот самит на Западен Балкан 6 во Скопје, ги поддржавме целите и го потврдивме нашиот интерес за интеграција во рамките на Коалицијата за дигитални вештини и работни места на ЕУ, преку поддршка на целите и принципите на Коалицијата, рече Манчевски.

На трибината учествуваше и министерот за образование и наука на Северна Македонија, Арбер Адеми, како и министерката за образование, спорт и млади на Албанија, Беса Шахини, министерот за образование на Србија, Младен Шарчевиќ, министерката за образование и култура на Република Српска, Наталија Тривиќ и министерот за образование на Црна Гора, Дамир Шеховиќ. нд/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close