0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Манчевски: Безидејната ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува проекти што СДСМ веќе ги спроведе

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ 1, Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција рече дека изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е безидејна, со понудени проекти кои се веќе реализирани од актуелната власт. 

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ 1, Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција рече дека изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е безидејна, со понудени проекти кои се веќе реализирани од актуелната власт.

-И додека ние се надевавме на противник со кого ќе можеме да дебатираме за кој нуди подобри политики за подобар живот на граѓаните, се соочивме со програма која како да е пишувана пред неколку години.
Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и отсуството на допир со реалноста се чита на секоја страна од нивната програма. За мене беше големо изненадување, но и разочарување кога согледавме дека нивната програма е всушност збир на веќе реализирани проекти само ставени во идно време, истакна Манчевски.

Манчевски се осврна на 13 мерки што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ од сферата на дигитализацијата, конкретно образложувајќи дека се спроведени.

– Направиве анализа на нивната програма во делот на дигитализацијата. Еве што велат. „Намалување на цени во роаминг во Западен Балкан 2020 и 2021 година и укинување во 2022 година“. Реалноста е дека веќе една година во земјите од Западен Балкан, нашите граѓани користат услуги во роаминг по цени до 99 отсто поевтини. Од 1 јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат.  Во координација со Европската Комисија веќе се изработува план со рокови за „роаминг како дома“ во земјите од ЕУ. „Центри за една точка за услуги“. Реалноста е дека веќе се отворени два центра, во Скопје и Тетово, а во завршна фаза се во Охрид и Куманово. „Политика за е-услуги и апликации за мобилни услуги“. Реалноста е дека националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk беше пуштен во употреба на 16.12.2019 година преку кој веќе се нудат 136 електронски услуги. Бројот секојдневно расте, укажа Манчевски.

Тој на прес-конференцијата посочи вкупно 13 мерки, иако, како што рече, за жал, има такви – предложени од многу повеќе.

-За жал, има уште многу вакви примери. Искрено сум разочаран. Навистина очекував после толку критики, многу повеќе. Очекував и можеби некоја добра идеја. Но, нема. Се работи за неверојатна безидејност и непознавање, дури на граница на опасно. Но, ние покажавме дека можеме. Еве и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како да е список на работи кои веќе сме ги направиле во областа на дигитализацијата. Можеме уште повеќе и уште подобро и тоа ќе го покажеме после 15 јули, рече Манчевски. мч/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close