0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер јунајтед преговара со агентите на Погба за продолжување на договорот

Манчестер јунајтед има намера да го задржи во тимот играчот за врска Пол Погба. Клубот разговара со претставници на Французинот за нов договор, соопшти „Sky Sports“.

Манчестер, 25 јуни 2021 (МИА) – Манчестер јунајтед има намера да го задржи во тимот играчот за врска Пол Погба. Клубот разговара со претставници на Французинот за нов договор, соопшти „Sky Sports“.

И покрај интересот на многу клубови за 28-годишниот играч, „црвените ѓаволи“ сè уште не добиле официјална понуда за трансфер.

Минатата сезона Погба постигна три гола и направи три асистенции на 26 натпревари во Премиер лигата.

Во групната фаза од ЕВРО 2020 Погба е еден од најистакнатите фудбалери на француската репрезентација која во осминафиналето на 28 јуни ќе игра со Швајцарија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close