0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер јунајтед нема да го обнови изнајмувањето на Смолинг во Рома

Манчестер јунајтед нема да го пушти дефанзивецот Крис Смолинг на позајмица во Рома уште една сезона, пренесува „Goal.com“.

Лондон, 2 август 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед нема да го пушти дефанзивецот Крис Смолинг на позајмица во Рома уште една сезона, пренесува „Goal.com“.

Според изворот, италијанскиот клуб не може да се согласи со „црвените ѓаволи“ за условите на закупот. Се известува дека Рома може да го купи 30-годишниот Англичанец доколку успее да ги исполни барањата на Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2019/20, Смолинг одигра 37 натпревари за Рома, постигна три гола и две асистенции.

Transfermarkt.com ја проценува вредноста на фудбалерот на 16 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close