0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер јунајтед не планира да го разреши Солскјер

Раководството на Манчестер јунајтед продолжува да го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер.

Манчестер, 23 јануари 2020 (МИА) – Раководството на Манчестер јунајтед продолжува да го поддржува тренерот Оле Гунар Солскјер.

Вчеравечер Манчестер јунајтед загуби од Барнли (0:2) на свој терен, постигнувајќи го најлошиот резултат во 21 век по бројот на освоени бодови во 24 кола.

Сепак, раководството на клубот не планира да го разреши 46-годишниот Норвежанец, пренесува „Скај спортс“.

По натпреварот со Барнли, Солскјер изјави дека Манчестер јунајтед планира да го засили составот пред да се затвори јануарскиот преоден рок.

Тимот е на 5.место во Премиер лигата со 34 бода, шест помалку од четврто пласираниот Челзи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close