0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер јунајтед му понуди на Наполи 80 милиони евра за Кулибали

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Англија, пренесува „Sky Sport Italia“.

Рим, 4 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Англија, пренесува „Sky Sport Italia“.

Според италијанскиот медиум, Манчестер јунајтед му понудил на калчолигашот 80 милиони евра за 28-годишниот Сенегалец.

Во исто време, Наполи очекува да добие околу 100 милиони евра за Кулибали.

Во сезоната 2019/20, Кулибали одигра 21 натпревар за наполитанците.

Договорот на одбранбениот играч со клубот од Неапол важи до 30 јуни 2023 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close