0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Манчестер јунајтед – Милан, најпривлечна двојка во осминафиналето во ЛЕ

Во седиштето на УЕФА во швајцарски Нион, попладнево се извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на Европа. Најмногу внимание привлекува пресметката Милан – Манчестер јунајтед.

Нион, 26 февруари 2021 (МИА) – Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, попладнево се извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на Европа. Најмногу внимание привлекува пресметката Милан – Манчестер јунајтед.

Другите двојки се:
Ајакс – Јанг Бојс
Динамо Киев – Виљареал
Рома – Шахтјор
Олимпијакос – Арсенал
Динамо Загреб – Тотенхем
Манчестер јунајтед – Милан
Славија – Глазгов Ренџерс
Гранада – Молде.

Првите средби се закажани за 11 март, реваншите седум дена подоцна (18 март). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close