0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер јунајтед ја зголемува понудата за трансфер на Санчо

Манчестер јунајтед ја подобри понудата за трансфер за играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, објави Скај Спорт.

Манчестер, 19 јуни 2021 (МИА) – Манчестер јунајтед ја подобри понудата за трансфер за играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, објави Скај Спорт.

Според британскиот медиум, „црвените ѓаволи“ нудат над 75 милиони фунти за 21-годишниот Англичанец. Првичната понуда на клубот беше 67 милиони фунти. Се известува дека германскиот клуб сака да добие 80 милиони фунти за фудбалерот.

Во сезоната 2020/21, Санчо забележа 38 настапи за Борусија, постигнувајќи 16 гола и 20 асистенции.

„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 90 милиони фунти. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close