0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Манчестер јунајтед ја одби понудата на Евертон од Ромеро

Евертон минатиот преоден рок испрати понуда за голманот Серхио Ромеро, но Манчестер Јунајтед не ја прифати.

Лондон, 12 октомври 2020 (МИА) – Евертон минатиот преоден рок испрати понуда за голманот Серхио Ромеро, но Манчестер Јунајтед не ја прифати.

Според „Атлетик“ Евертон понуди два милиони евра за изнајмување и беше подготвен да му ја исплати целата плата на чуварот на мрежата.

Сепак, Манчестер јунајтед сака да добие најмалку 8 милиони евра за Аргентинецот, чиј договор истекува летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Ромеро забележа 17 настапи за Манчестер јунајтед и прими 12 гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close