0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер сити сè уште не им понуди обновување на договорите на Агуеро и Фернандињо

Иднината на играчите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Фернандињо останува неизвесна. Според новинарот на „Атлетик“, Сем Ли, клубот не дал понуди за продолжување на договорите на фудбалерите.

Манчестер, 19 јануари 2021 (МИА) – Иднината на играчите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Фернандињо останува неизвесна. Според новинарот на „Атлетик“, Сем Ли, клубот не дал понуди за продолжување на договорите на фудбалерите.

Соработката на Агуеро и Фернандињо истекува на крајот на јуни 2021 година.

Триесет и двегодишниот Агуеро оваа сезона одигра пет натпревари во Премиер лигата за сити, бидејќи долго време закрепнуваше од повредата, додека Фернандињо (35) одигра девет натпревари во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close