0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Манчестер сити прв финалист во ЛШ

Манчестер сити со 2:0 (1:0 полувреме) го совлада вечерва ПСЖ на домашен терен и со вкупен резултат од 4:1 го елиминираше францускиот првак на патот до своето прво финале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Манчестер, 4 мај 2021 (МИА) – Манчестер сити со 2:0 (1:0 полувреме) го совлада вечерва ПСЖ на домашен терен и со вкупен резултат од 4:1 го елиминираше францускиот првак на патот до своето прво финале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Предноста од 2:1 од првиот натпревар во Париз, екипата на Пеп Гвардиола ја зголеми веќе по 11 минути игра на реваншот преку Ријад Марез, а истиот играч го завери пласманот на Сити во финалето на елитното клупско натпреварување со својот втор гол вечерва во 63. минута.

ПСЖ мечот го заврши со играч помалку поради директниот црвен картон што судијата му го додели на Анхел Ди Марија во 69. минута.

Противникот на Сити во финалето на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул ќе биде познат по утрешниот реванш полуфинален натпревар меѓу Челзи и Реал Мадрид. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши нерешено 1:1. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close