0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Манчестер сити подготви десетгодишен план за Меси, по крајот на неговата кариера, тие сакаат да го направат амбасадор на клубот

Премиерлигашот Манчестер сити работи на потписот на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Според „Тајмс“, англискиот клуб има 10-годишен план за Аргентинецот. Ќе му биде понудено да игра за Манчестер сити, а потоа да игра за еден од деветте клуба кои ја сочинуваат Сити фудбалската група. Тука меѓу другите се влезени и Њујорк (САД), Јокохама (Јапонија), Мелбурн (Австралија).

Манчестер, 24 ноември 2020 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер сити работи на потписот на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Според „Тајмс“, англискиот клуб има 10-годишен план за Аргентинецот. Ќе му биде понудено да игра за Манчестер сити, а потоа да игра за еден од деветте клуба кои ја сочинуваат Сити фудбалската група. Тука меѓу другите се влезени и Њујорк (САД), Јокохама (Јапонија), Мелбурн (Австралија).

Исто така, „граѓаните“ сакаат да му понудат на Меси улога на амбасадор на клубот по завршувањето на кариерата на играчот.

Манчестер сити верува дека потпишувањето на Аргентинецот нагло ќе ги зголеми приходите од рекламни договори, а исто така верува дека преминот на Меси ќе ги олесни преговорите со другите врвни играчи.

Меси, наводно, разговарал за неговиот трансфер во Сити со главниот тренер Пеп Гвардиола во текот на летото. Претходно, фудбалерот влезе во судир со раководството на Барселона и инсистираше на трансфер. Поранешниот претседател на клубот Joзеп Бартомеу не го пушти да замине од каталонскиот гигант. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close