0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Манчестер сити нема да се засилува во претстојниот трансфер рок

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, соопшти за плановите на граѓаните за зимскиот преоден рок.

Лондон, 19 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, соопшти за плановите на граѓаните за зимскиот преоден рок.

– Никој нема да потпишеме во текот на зимата. Не разговаравме за тоа, но клубот ќе ја заврши сезоната со играчите што ги имаме сега, изјави Гвардиола за „BeIN Sports“.

Манчестер сити во моментов се наоѓа на второто место на премиерлигашката табела со 35 освоени бодови од 17 натпревари.

Лидер е Манчестер јунајтед со 37 бода, но и натпревар повеќе од градскиот ривал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close