0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер сити ќе се раздели со неколку играчи

Неколку играчи ќе го напуштат Манчестер сити во блиска иднина, соопшти тренерот на тимот Хосеп Гвардиола.

Манчестер, 21 февруари 2021 (МИА) – Неколку играчи ќе го напуштат Манчестер сити во блиска иднина, соопшти тренерот на тимот Хосеп Гвардиола.

– Сите наши играчи заслужуваат да играат за Манчестер сити многу години. Тие имаат исклучителен квалитет, не се сомневам во тоа. Сепак, со текот на годините ситуацијата се менуваше, бидејќи некои се подготвени да го прифатат фактот дека нема да играат секогаш, а некои не се подготвени. Во овој случај, некои играчи мораат да заминат, изјави Гвардиола за „Гол“.

Манчестер Сити е рангиран на првото место во Премиер лигата со 56 бода по 24 одиграни натпревари.

„Граѓаните“ денес од 17:30 часот гостуваат во Лондон кај Арсенал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close