0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер сити ќе понуди 80 милиони евра за Иско

Премиерлигашот Манчестер сити подготвува предлог за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Дон Балон“.

Мадрид, 31 март 2020 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер сити подготвува предлог за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Дон Балон“.

Според шпанскиот медиум, Манчестер е подготвен да потроши 80 милиони евра на 27-годишниот Шпанец. Се потенцира дека тренерот на „граѓаните“ Јосеп Гвардиола е лично заинтересиран за овој трансфер.

Иско има три гола на 23 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на шпанскиот фудбалер на 50 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close