0_Спорт.ПорталФудбал

Манчестер сака да го продолжи договорот со Солскјер

Манчестер јунајтед има намера да го обнови договорот со главниот тренер Оле Гунар Солскјер, пренесува „ЕСПН“.

Манчестер, 25 март 2021 (МИА) – Манчестер јунајтед има намера да го обнови договорот со главниот тренер Оле Гунар Солскјер, пренесува „ЕСПН“.

Клубот е задоволен од резултатите на тимот под водство на Норвежанецот и верува дека тимот напредува под негово водство. Иднината на Солскјер не зависи од тоа дали тимот ќе освои некој трофеј оваа сезона.

Актуелниот договор на 48-годишникот истекува во летото 2022 година.

Во сезоната 2018/2019, кога Солскјер го водеше Манчестер јунајтед тимот заврши на шестото место во Премиер лигата. Следната сезона, Манчестер јунајтед беше трет. Сега  е на второто место во англискиот шампионат. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close