0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Манчестер го освои првиот бод на „Олд Трафорд“ сезонава

„Црвените ѓаволи“ имаа многу позиции пред голот на „сините“, но Едвард Менди направи неколку феноменални одбрани и не дозволи гол во неговата мрежа.

Манчестер, 24 октомври 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед го освои првиот бод од почетокот на сезоната на „Олд Трафорд“ – 0:0 против Челси.

„Црвените ѓаволи“ имаа многу позиции пред голот на „сините“, но Едвард Менди направи неколку феноменални одбрани и не дозволи гол во неговата мрежа.

Единсон Кавани го забележа своето деби за Јунајтед.

Така, Челси останува на 6-то место во поредокот со 9 поени, додека Манчестер Јунајтед ги продолжува своите неубедливи настапи на домашен терен, а во шампионатот е на 15-то место со освоени 7 поени.

Таг
Back to top button
Close
Close