Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Малта веќе нема да прифаќа ниту да спасува мигранти

Малта веќе не може да гарантира спасување на мигрантите или да им дозволи да бидат пренесени на нивна територија за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, соопшти Владата на Малта.

Ла Валета, 10 април 2020 (МИА) – Малта веќе не може да гарантира спасување на мигрантите или да им дозволи да бидат пренесени на нивна територија за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, соопшти Владата на Малта.

Одлуката е донесена затоа што ресурсите на островот се користат за спроведување мерки за стопирање на ширењето на коронавирусот, како и заради ризикот самите мигранти да го носат вирусот.

Најавата доаѓа еден ден откако Италија ги затвори своите пристаништа и наведе дека тие веќе не се безбедни поради пандемијата. зш/

Back to top button
Close
Close