Дописници СветСветСвет.Портал

Малолетно момче уби жена и три деца во Јута

Малолетно момче викендов пукаше во дом во Грантсвил, Јута, при што беа убиени три деца и една жена, јави дописникот на МИА.

Вашингтон, 19 јануари 2020 (МИА) – Малолетно момче викендов пукаше во дом во Грантсвил, Јута, при што беа убиени три деца и една жена, јави дописникот на МИА.

Полицијата се уште истражува што се случило, бидејќи пред инцидентот во петокот навечер имало друго пукање во кое ранет бил возрасен маж. Напаѓачот потоа го однел ранетиот во болница каде бил уапсен од полицијата.

Се работи за истото малолетно лице кое сега се соочува со обвинение за кривично дело „жестоко убиство”.

Полицијата во Грантсвил, мало гратче оддалечено 50 километри од Солт Лејк Сити, потврди дека сите вклучени во двата вооружени инциденти имаат роднинска врска. Но се уште истражува кој е мотивот за насилствата.

Во случајот се вклучија и федерални безбедносни органи, изјави денеска гувернерот на Јута,
Хари Херберт, кој додаде дека „жителите на Јута ги оплакуваат невините жртви”. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close