0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Малку домаќинства поседуваат поштенско сандаче, доставата зависи од знаењето на поштарот

Процентот на домаќинства со поштенско сандаче во државава е алармантна. Голем број сандачиња се уништени и нефункционални, а доставата зависи од личното знаење на пошторазнесувачите, рече директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска на денешната промоција на кампањата  за подигнување на свеста кај граѓаните за користење поштенски сандачиња „Твојата пратка во безбедно сандаче“.

Скопје, 20 декември 2019 (МИА) – Процентот на домаќинства со поштенско сандаче во државава е алармантна. Голем број сандачиња се уништени и нефункционални, а доставата зависи од личното знаење на пошторазнесувачите, рече директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска на денешната промоција на кампањата  за подигнување на свеста кај граѓаните за користење поштенски сандачиња „Твојата пратка во безбедно сандаче“.

Анализите на Агенцијата за пошта и мерењата на Поштата на РСМ покажале дека во Прилеп има само шест проценти со сандачиња, во Дојран 6,85 проценти, во Маврово и Ростуше 1,01 процент, во Гостивар 23,69 проценти.

Како што најави Аврамовска Ѓоревска, АП ќе ги едуцира граѓаните за потребата од поседување поштенско сандаче и ќе укажува на производителите, увозниците и домашните фирми за стандардизирано производство.

Придобивките за корисниците, меѓу останатото, ќе биде и оптимална безбедност против вандализам и кражба на пратки со примена на стандарди за безбедност со што ќе се запази приватноста осносно ќе се испочитува правото на приватност, наведе директорката на АП.

Поседувањето поштенско сандаче, дополни, значи и ќе значи дека се исполнети барањата за квалитет на давателот на универзалната услуга во сегментот достава. Ќе значи намалување на бројот на рекламации кај операторите и претставки кај АП кои се однесуваат на доставата, како и анализа на податоци за задоволството на корисници.

Обврската за поставување домашни поштенски сандачиња е дефинираната во член 55 од Законот за поштенски услуги.

Агенцијата за пошти ја спроведува кампањата во рамки на твининг прокетот за јакнење на капацитетите, што го спроведува во соработка со Делегацијата на ЕУ, Министерството за јавни работи на Шпанија и Меѓународната Иберо-американска фондација за администрација и јавни политики.лв/дма/

 

 

Back to top button
Close
Close