Дописници МКДОпштински вести

Малешевци бараат ограничување на движењето на луѓе кои не се од Малешевијата

Група граѓани од Берово и Пехчево започнаа иницијатива за ограничување на движењето на луѓе кои не се од Малешевијата. Во Пехчево и Берово, се уште нема ниту еден заболен од вирусот КОВИД-19, и затоа, како што велат иницијаторите, главна цел на оваа активност е заштита на јавното здравје и здравјето на жителите на Малешевијата од коронавирусот.

Берово, 7 април 2020 (МИА) – Група граѓани од Берово и Пехчево започнаа иницијатива за ограничување на движењето на луѓе кои не се од Малешевијата. Во Пехчево и Берово, се уште нема ниту еден заболен од вирусот КОВИД-19, и затоа, како што велат иницијаторите, главна цел на оваа активност е заштита на јавното здравје и здравјето на жителите на Малешевијата од коронавирусот.
– Секојдневно сме сведоци на се поголема бројка на заразени со Ковид-19 во нашата држава. Поради тоа нашата иницијатива насловена „Ограничување на движење на луѓе кои не се од Малешевијата“ има за цел, да побара од градоначалниците, МВР,  Владата на РСМ, Министерство за здравство како и сите надлежни, во рок од 15-20 дена кога се и очекува пикот на заразата, да се спречи влез во Малешевијата на луѓе (посетители, туристи), кои не се жители на Пехчево и Берово. Сето тоа да биде под строги мерки согласно препораките и предвидените мерки од надлежните, а да бидат опфатени сите луѓе кои се со пропусници поради работа во фирма или за дотур на стоки, а не се од Малешевијата, велат иницијаторите.
Во таа насока, како што посочуваат иницијаторите, до надлежните ќе бидат достават две клучни барања за реализирање на оваа идеја.
– Бараме да се постават контролни пунктови 24/7 со полиција, која ќе дозволува влез во Малешевијата само на двете општини и дотур на стока само од и кон Малешевијата. Оваа активност да се контролира на три пункта и тоа Обозна, чекалната кај село Двориште и од кај Делчево пред чекалната кај село Панчарево. Нашата парола е подобро да се спречи отколку да се лечи, велат иницијаторите.
Како дел од оваа иницијатива формирана е и фејсбук група која брои над 1000 членови. Во известувањето до членовите на групата потврдено е дека градоначалниците на општините Пехчево и Берово дале начелна согласност за оваа идеја која веќе утре ќе биде ставена на дневен ред на Регионалниот штаб за управување со кризи за општините Берово и Пехчево. вс/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close