0_Македонија.ПорталДописници МКДМКДОпштество

Мал пораст на бројот на пациенти заразени со Ковид во велешката болница

Во велешката болница вкупно 30 пациенти се хоспитализирани поради коронавирусот, од нив 22 се потврдени позитивни, пет сомнителни и тројца пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение има 25 пациенти, а на Интерно Б крак пет лица.

Велес 3 февруари 2021 (МИА) – Во велешката болница вкупно 30 пациенти се хоспитализирани поради коронавирусот, од нив 22 се потврдени позитивни, пет сомнителни и тројца пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение има 25 пациенти, а на Интерно Б крак пет лица.

Портпаролот д-р Елеонора Јованова информира дека осум од пациентите се на кислородна поддршка.

-Има мало покачување на бројот на пациенти во изминатите неколку  дена, така завчера нивниот број бил 24 пациенти, рече д-р Јованова.
 
Ова е последица на пораст на новозаболени од Ковид изминативе денови во Велес и велешко, а според Центарот за јавно здравје во изминатото деноноќие има 19 новозаразени и 11 оздравени. ад/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close