ЕвропаЕвропа.Портал

Макрон утре ќе го објави составот на новата влада

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада, изјавија извори блиски на шефот на државата.

Париз, 5 јули 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада, изјавија извори блиски на шефот на државата.

Пред два дена францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, а Макрон на негово место го именуваше Жан Кастекс.

Макрон и Кастекс подоцна денеска ќе одржат состанок во Елисејската палата, на кој ќе разговараат за составот на новиот владин кабинет.

– Во оваа фаза е предвидена структура од околу 20 министри, а нивните заменици ќе бидат именувани подоцна, тврдат анонимните извори. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close