ЕвропаЕвропа.Портал

Макрон тврди дека навремено реагирал на епидемијата со Ковид-19

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервјута за италијанските дневни весници наведе дека не е задоцнета реакцијата на епидемијата со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА

Париз, 28 март 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон во интервјута за италијанските дневни весници наведе дека не е задоцнета реакцијата на епидемијата со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.

-На оваа криза и пристапив сериозно од самиот почеток, кога таа започна во Кина, изјави шефот на француската држава за италијанските весници: “Кориере де ла Сера“, „Ла Стампа“ и „Ла Репблика“.

Тој додаде дека во Франција се преземени „ најтешки мерки“ за краток период.

Следев три основни принципи во секоја фаза: ги засновав нашите одлуки на научен совет, се прилагодувам на еволуцијата на кризата, преземам пропорционални мерки, објасни Макрон одговарајќи на прашањето за неговата посета на театар на 6 март, 11 дена пред мерките за ограничено движење.

Во меѓувреме, францускиот премиер Едуард Филип најави дека мерките за ограничено движење ќе важат до 15 април.

Франција од почетокот на пандемијата има регистрирано 1.995 смртни случаи, од кои речиси  300 за последните 24 часа.

, се вели во официјалниот извештај објавен во петокот вечерта.тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close