Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Макрон: Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран

Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред денешниот неформален самит на лидерите на јужните земји од ЕУ на Корзика, јави ДПА.

Париз, 10 септември 2020 (МИА) – Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред денешниот неформален самит на лидерите на јужните земји од ЕУ на Корзика, јави ДПА.

-Ние, Европејците, мора да бидеме јасни и цврсти, не со Турција како нација или како со народ, туку со владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, рече Макрон.

Турската Влада се впушти во „неприфатливо однесување“ со  гасните истражувања во водите на што се жали Кипар, на ексклузивната економска зона во водите, исто така, се жали и Грција, како и за други провокации, инсистира Макрон, пренесува ДПА.

-Ние сакаме да избегнеме каква било ескалација, додаде тој. „Но, избегнувањето ескалација не може да значи пасивност или прифаќање“, смета францускиот претседател. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close