Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Макрон поради демонстрации евакуиран од една театарската сала во Париз

Триесет демонстранти синоќа се обидоа да влезат во театарот „Буфе ди Норд“ каде францускиот претседател Емануел Макрон гледаше претстава. Но, тие беа спречени од полиција, а Макрон беше евакуиран, јави дописникот на МИА

Париз, 18 јануари 2020 (МИА) – Триесет демонстранти синоќа се обидоа да влезат во театарот „Буфе ди Норд“ каде францускиот претседател Емануел Макрон гледаше претстава. Но, тие беа спречени од полиција, а Макрон беше евакуиран, јави дописникот на МИА.

Макрон присуствуваше на претставата „Ла Муш“ заедно со сопругата. Откако на Твитер беше најавено присуството на Макрон, пред театарот се пристигнаа демонстрантите кои извикуваа „Сите заедно, генерален штрајк“.

Претседателот Макрон ја измени и својата програма за работа за да се избегнат несакани средби со демонстрантите, а од Елисејската палата се надеваат дека тоа нема да трае долго.

Последниот настан, сведочи за радикализација на демонстрантите против пензиската реформа. Демонстрантите вчера упаднаа во седиштето на реформаторскиот синдикат ЦФДТ, во знак на протест против прифаќањето од синдикатот на пензиите со поени.

Во четвртокот вечерта Марлен Шиапа, државната секретарка за еднаквост меѓу жените и мажите, исто така беше исвиркана од група демонстранти на јавен собир за општинските избори. тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close