ЕвропаЕвропа.Портал

Макрон: Одлучно против омразата и нетолеранцијата

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја е решена да се бори против омразата и нетолеранцијата што придонесуваат за подемот на антисемитизмот во Франција.

Ерусалим, 23 јануари 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја е решена да се бори против омразата и нетолеранцијата што придонесуваат за подемот на антисемитизмот во Франција.

Макрон е еден од неколкуте десетици светски лидери што присуствува на церемониите во Меморијалниот центар Јад Швашад во Ерусалим заради одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц.

– Темната сенка на антисемитизмот е повторно родена. Антисемитизмот се врати, рече Макрон, кој денеска се сретна со преживеаните од Холокаустот.

Тој истакна дека во таа борба нема да победи антисемитизмот и дека „неговата решеност да дејствува против овој феномен е целосна“.

Емануел Макрон претходно се сретна со преживеаните од Холокаустот со француско потекло во меморијалниот центар, кој беше подигнат во спомен на 76.000 Евреи кои за време на Втората светска војна беа префрлени во логори на смртта, како што е Аушвиц. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close