Svet.SlajderСветСвет.Портал

Макрон: Одличен разговор со Трамп за дигиталните такси

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска соопшти дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните такси, со порака дека двете земји ќе работат на избегнување „ескалација на даноците“.

Париз, 20 јануари 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска соопшти дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните такси, со порака дека двете земји ќе работат на избегнување „ескалација на даноците“.

– Ќе работиме заедно на добар договор за да избегнеме ескалација на даноците, напиша Макрон на Твитер.

Во јули, Париз одлучи да воведе такси од три проценти на приходите од дигитални услуги, генерирани од компании со приходи поголеми од 25 милиони евра во Франција и 750 милиони евра ширум светот.

Вашингтон се закани дека ќе наметне даноци на француските производи како контрамерка. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close