Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Макрон и Меркел разговараа за кризите што ја потресуваат Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прими германската канцеларка Ангела Меркел денеска во тврдината Брегансон, при што дискутираа за блиската иднина на Европа, потресена од тензиите во источниот Медитеран, епидемијата на новиот коронавирус и случајот со Белорусија, јави дописникот на МИА

Париз, 20 август 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ја прими германската канцеларка Ангела Меркел денеска во тврдината Брегансон, при што дискутираа за блиската иднина на Европа, потресена од тензиите во источниот Медитеран, епидемијата на новиот коронавирус и случајот со Белорусија, јави дописникот на МИА.

Макрон предложи заедно со Ангела Меркел, европско посредување помеѓу различните актери на кризата во Белорусија, во врска со Русија.

– ЕУ мора да продолжи да се мобилизира заедно со стотиците илјади Белоруси кои демонстрираат, рече Емануел Макрон.

– Дијалогот помеѓу властите, опозицијата и граѓанското општество е суштински. Се надеваме дека овој дијалог може да го започнат самите Белоруси. Но, Европска Унија сепак е подготвена да го поддржи ова, ако нашата улога на медијација може да биде корисна и посакувана од Белорусите, со други институции, особено ОБСЕ, а вклучително и Русија во бараниот дијалог, се наведува во заедничката изјава на Макрон и Меркел.

На средбата се разговарало и за активностите на Турција во источниот дел на Медитеранот.

– Нашата стратешка цел во источен Медитеран е иста: европски суверенитет и стабилност, истакна Макрон.

Францускиот претседател и германската канцеларка изразија и загриженост за состојбата на рускиот опозиционер Алексеј Навални кој е во болница во Сибир.

Веста е крајно загрижувачка, очигледно сме подготвени да ја обезбедиме целата помош што можеме да му ја пружиме на Навални и неговото семејство… вклучително медицинскиот и азил. Ние ќе бидеме крајно внимателни за исходот од истрагата, рече Макрон.

Макрон и Меркел разговараа и за пандемијата со новиот коронавирус.

– Во истиот момент кога имаме неколку вакцини кои се во трета фаза на истражување, се надеваме дека ќе имаме вакцина во наредните месеци. Но ова нема да ги реши проблемите во следните неколку недели, туку во следните неколку месеци, посочи Макрон. тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close