Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Макрон и Меркел ќе претстават „заедничка иницијатива“ за здравството, економското закрепнување, еколошката и дигиталната транзиција и индустрискиот суверенитет

Според Елисејската палата, таа заедничка иницијатива „ќе се фокусира на здравството, економското закрепнување, еколошката и дигиталната транзиција и индустрискиот суверенитет“.

Париз, 18 мај 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговараат преку визио-конференција попладнево околу 15 часот и 30 минути, пред да претстават заедничката „Француско-германска иницијатива“, фокусирајќи се особено на прашањето за здравството и закрепнувањето на економијата, јави дописникот на МИА.

По разговорот тие треба да одржат заедничка прес конференција, а се очекува да биде објавена и заедничка декларација.

Според  Елисејската палата, таа заедничка иницијатива „ќе се фокусира на здравството, економското закрепнување, еколошката и дигиталната транзиција и индустрискиот суверенитет“.тг/

Back to top button
Close
Close